Гебер: Во грчките учебници ќе се пишува за пријателствата со Македонците
Виктор Габер, шефот на македонскиот дел од интердисциплинарна комисија на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, чие формирање беше предвидено со договорот од Преспа, во интервју за БИРН вели дека грчките учебници ќе ја променат содржината така што ќе се вметнат содржини од пријателските односи со Македонците од 19 и 20 век. Според дипломатот, се очекува особено внимание да се обрне на различниот официјален третман на односите во 19 и 20 век и од македонска и од грчка страна.
Дипломатот вели дека двете комисии (македонската и грчката) досега имале 13 средби и размениле по 30 пакети учебници и откако се поставени рамките, од сега треба да почне конкретната елаборација на материјалите.Промените, како што вели тој, ќе бидат според стандардите на УНЕСКО и на Советот на Европа, така што нема да може да се излезе надвор од рамките.
„Мислиме дека има многу елементи за зближување, формулации кои на младите ќе им кажат – чекајте, не било сѐ крваво, туку имало и соработка, имаме заеднички елементи, на пример еден Григор Прличев. Добил златен венец. Во Атина. Затоа што опеал една трагедија на едно население во Западна Македонија. И тоа на јазикот што тогаш бил официјален на новата грчка држава“, вели Габер во една од изјавите.
Најавува дека ќе има и многу други такви елементи како Прличев кои ќе треба да поврзуваатј, но ќе се откријат кога ќе дошло времето.
