ГАЗМЕНД БЕШЕ МУДРО МОМЧЕ, ВЕРЕН ДРУГАР И ОДЛИЧЕН КОЛЕГА - со вереницата го славеле неговиот роденден во Истанбул, загинаа во страшната несреќа
Министерот за економија Крешник Бектеши преку фејсбук се опрости од Газменд Укали, дел од кабинетот на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари. Тој е еден од загинатите во страшната автобуска несреќа што се случи во Бугарија.
„Болка која не може да се опише!
Рано замина од нас, Газменд!
Целото општество и соработниците ќе го паметат како мудро и добро момче, верен другар и одличен колега!
Нека почвата биде светлина!
Сочувство до семејството и сите пријатели“, напиша Бектеш на фејсбук.
Како што јави ТВ Телма, 27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинаа во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица.
Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул.
Слично
