„ГАЗИ БАБА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИЗДАВА ДОЗВОЛИ СО ГРАДБА, АКО САКА ДА ИМА ВОДА“: Капцитетот не може да ја издржи потрошувачката
По барање информација од Водовод на независните советници од град Скопје во врска со недостаток на вода анализите покажуваат дека Гази Баба мора да престане со издавање на дозволи за нови згради бидејќи капацитетот на водоводната мрежа веќе не може да постигне и во иднина ќе го имаме истиот проблем, информираа Зелените од Гази Баба, пренесувајќи информација од Зелен Хуман Град.
- Гази Баба нема нова пумпна станица, нема нов резервоар со зголемен капацитет ниту нова примарна мрежа во истиот период во кој драстично се зголемува катноста на зградите, се формираат нови населби и се градат нови деловни комплекси. Општините не ја унапредуваат водоснабдителната мрежа да кореспондира на новите градби и зголемен број на луѓе – прибираат пари од комуналии што не ги користат за намената, информираа Зелените од Гази Баба- велат Зелените.
Инаку, Зелен Хуман Град, побарале од Водовод и канализација официјални информации за причините поради кои во делови од градот нема вода.
„- Моменталната потрошувачка на вода во Скопје е 350 илјади метри кубни на ден или 700 л по глава на жител на ден
- Скопје се напојува само од изворот Рашче и од 5 бунари од 2 бунарски подрачја – Лепенец и Нерези
- Рашче дава максимални 3.000 литри во секунда и повеќе не може зашто нивото на водата е под 70 цм
- Од Лепенец и Нерези црпиме 1.000 литри во секунда
- Во Скопје се трошат 4.000 л во секунда и затоа во некои делови има намален притисок
- Рашче е природен извор кој ние во моментов максимално го форсираме што може да доведе до негово уништување
- Ако непрекинато и доволно долго ги форсираме природниот извор Рашче и бунарските подрачја можеме да го натераме изворот да избие на некое друго место
- Комплетниот водоснабдителен систем во Скопје моментално работи со полн капацитет
- Дел од пумпните станици не смее да работат зашто нема доволно капацитет на трафостаниците
- Пумпната станица Општина Гази Баба работи со капацитет од 350 литри во секунда
- Гази Баба нема нова пумпна станица, нема нов резервоар со зголемен капацитет ниту нова примарна мрежа во истиот период во кој драстично се зголемува катноста на зградите, се формираат нови населби и се градат нови деловни комплекси
- Општините не ја унапредуваат водоснабдителната мрежа да кореспондира на новите градби и зголемен број на луѓе – прибираат пари од комуналии што не ги користат за намената
- Врело, Патишка река и дополнителни бунарски подрачја мора да се испитуваат како алтернативни извори за водоснабдување на Скопје
- Крадењето вода е сѐ уште само прекршок, а не кривично дело и за физичко лице е казниво со 200 евра, а за правните лица од 1.500 до максимум 3.000 евра со можност за порамнување и плаќање 50% од минималната изречена казна, информираа од ЗХГ.
