Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газдите сами ги отстрануваат платформите и летните тераси во Охрид

Газдите сами ги отстрануваат платформите и летните тераси во Охрид

Некои од  сопствениците на угостителските објекти на Охридското крајбрежје, вчера сами почнаа да ги отстрануваат нелегално подигнатите платформи.

Од општината велат дека кога општинските  инспектори пристигнале на терен со цел да ја отпочнат акцијата, затекнале дел од угостителите како веќе ги уриваат диво подигнатите платформи. Сопствениците го искористиле законското право и побараа од општината рок  кои истече денеска за сами да ги отстранат платформите.

Сопствениците на ресторани и кафулиња на потегот од градското пристаниште во Охрид до Свети Јован Канео, сами почнаа со отстранување на дивоизградените платформи и летни тераси.

Слично

Поврзани вести