Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗДИТЕ ОДЛУЧИЈА: На Широк сокак во Битола ќе се пие поскапо кафе

ГАЗДИТЕ ОДЛУЧИЈА: На Широк сокак во Битола ќе се пие поскапо кафе

Битолчани за кафето ќе плаќаат поскапо. 

Имено, оваа одлука ја донеле повеќе кафулиња кои се дел од Здружението за угостителство и туризам „Клуб Еснаф“-Битола.

Како што пренесуваат дел од медиумите кафето во градот познат по Широк сокак ќе поскапи поради Тоа што бизнисите се соочуваат со поскапувања на сите ресурси со кои што се овозможува квалитетна услуга на клиентите. 

„Поскапувањето на самото кафе, зголемување на платите на персоналот, зголемување на трошоците за адекватна и квалитетна услуга, трошоците за греење како и самата комоција и удобност што го нудат угостителските објекти, резултира со поскапување на цената на кафето. Исто така тука е и нелојалната конкуренција“ рекол Марио Трифуновски, претседател на здружението Еснаф.

Ова значи дека кафето на Широк сокак повеќе нема да се продава под 50 денари.

Слично

Поврзани вести