Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗДИТЕ НЕМА РАЗЛИЧНО ДА ГИ ТРЕТИРААТ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ - професорката Најчевска објасни зошто е важно задолжителното татковско отсуство

ГАЗДИТЕ НЕМА РАЗЛИЧНО ДА ГИ ТРЕТИРААТ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ - професорката Најчевска објасни зошто е важно задолжителното татковско отсуство

Профеорката Мирјана Најчевска преку својот фејсбук профил објасни зошто е важно да има и задолжително татковско отсуство, како што ќе воведе власт преку законски измени.

„Зошто е важно да има задолжително татковско отсуство и можност за преносливо родителско отсуство?

1. Работодавците нема различно да ги третираат кандидатите жени и мажи при вработување

2. Децата ќе имаат можност да бидат со двајцата родители од својата најрана возраст.

3. Во домот ќе се воспостави родова рамноправност и поделба на домашните обврски која нема да има родов предзнак.

4. Негата на децата и немоќните членови на семејството нема да се поврзува само со мајката“, пишува професорката Најчевска.


Слично

Поврзани вести