Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кои го демолираа кафулето „Класик“
Сопствениците на дискотеката „Пулс“ се откажале од приватната тужба против група млади кои беа обвинети за демолирање на кафе-барот „Класик“ по пожарот во Кочани лани во март во кој загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.
Приватниот тужител ДПТУ „Бит Тим“ ДООЕЛ Кочани, чиј управител е Михаил Јованов, преку својот полномошник доставил поднесок со кој ја повлекува приватната тужба против обвинетите.
Судот наведува дека на 11 јуни 2026 година тужителот доставил поднесок со кој се откажува од кривичното гонење, по што согласно Законот за кривична постапка донел решение за запирање на постапката.
Обвинетите се товареле за кривичните дела „Оштетување туѓи предмети“ и „Нарушување на неповредливоста на домот“. објави Скопје1.мк
