Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Добил времен пасош од судот, отиде на прослава во Турција

ГАЗДАТА НА ПУЦКО ПЕТРОЛ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Добил времен пасош од судот, отиде на прослава во Турција

Газдата на Пуцко петрол, Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии фотографирани во Истанбул, Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега. 

Според информациите на Скопје1, тој потоа побарал времено да му биде вратен пасошот, па така, неговото заминување во Истанбул, е законско, бидејќи судиите одобриле.

Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи. Така всушност и се прошири во јавноста. 

Инаку, Јахоски заедно со Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски се осомничени дека на државата и продавале мазут со сомнителен квалитет за потребите на ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза и тоа во вредност од околу 150 милиони евра.

Обвинителството за организиран криминал и корупција во март објави дека судот одобрил куќен притвор за Јахоски, додека за останатите осомничени бизнисмени Капушевски и Сулкоски ефективен притвор,затоа што Јахоски наводно приложил документација дека е болен.





Слично

Поврзани вести