Газдата на ФЕНИ приведен во Израел
Израелската полиција го приведе рударскиот тајкун Бенјамин Штајнмец заради основано сомнение за измами оваа недела заедно со уште тројца бизнисмени. Тој е осомничен дека со лажни дозволи вршел операции на перење пари поврзани со рударска операција во Гвинеја.

Според израелскиот весник Харец во домот на милијардерот Штајнмец и неговите соработници бил извршен претрес. Меѓу приведените е и Тал Силберштајн кој беше близок до поранешниот романски претседател Трајан Басеску, екс премиерот Адријан Настасе и исто така поранешниот романски премиер Калин Попески Тарицеану.
Сите уапсени се товарат за корупција во која се инволвирани високи романски претставници, а во моментов им се суди во отсуство во Романија.
Штајменц е сопственик на конгломератот Кунико Ресорсис екслоатира фероникел и е сопственик на македонскиот рударски комбинат ФЕНИ и косовкиот ЊуКо Фероникели, а ја поседува и Габриел Ресорсис компанијата која бара дозвола за експлоатација на злато во Романија каде исто така е под истрага на телата за борба со корупцијата.
Тие во Романија поднесоа тужба против државата за раскинување на договорот за концесија под притисок на активистите за заштита на животната средина бидејќи планирале да користат цијанид за екстракција на рудата, но се осомничени дека дале десетина милиони евра мито за рудникот во Раша Монтана.
Штајнмец ги негира сите обвинувања и сомнежи за перење пари и корупција.