Газдата на „Беса Транс“ не дојде на судење затоа што имал непотврдени симптоми на Ковид-19
Денешното рочиште за „Беса Транс“, во чиј автонус изгореа 45 луѓе во Бугарија, се одложи затоа што сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу, имал симптоми на Ковид-19.
Неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ на судот му доставил само потврда за направен тест за Ковид-19, додека резултатите се уште не биле потврдени.
Хаџиу заедно со одговорното лице Шабан Хоџа се обвинети за фалсификување на исправа во овој случај, а на изминатото рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни за „фалсификување на исправа“..
Тие се обвинети де ка злоупотребувале лажна лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Следното рочиште е закажано за 2 февруари.
Слично
