Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаврил Бубевски пред назначување за нов претседател на скопското обвинителство

Гаврил Бубевски пред назначување за нов претседател на скопското обвинителство

Поранешниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, ќе биде нов претседател на Јавно обвинителство - Скопје, потврдуваат неофицијално за ТВ24 од Советот на јавни обвинители.

Бубевски беше дел од поранешното СЈО, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство.

Познат е во јавноста по тоа што ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“.

До пред половина година скопското обвинителство го водеше Сашо Рајчев, кој се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител.



Слично

Поврзани вести