Гаспром оствари профит од 20 милијарди долари во првиот квартал
Приход од продажба на гас во износ од 43,9 милијарди долари и профит од 20 милијарди долари, оствари компанијата Гаспром во првиот квартал во 2013 година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите.
Забележан е раст на сите главни индикатори во Гаспром, додека европскиот пазар за гас продолжува да зајакнува, а резултатите од првото тромесечје во 2013 година, покажаа континуирана позитивна долгорочна побарувачка за рускиот природен гас.
Вкупните приходи од 43,9 милијарди долари се резултат на силната побарувачка за руски гас во Европа, како и делумното враќање од 73,4 милијарди рубљи (2,2 милијарди долари) од ретроактивните одредби за цените на гас за германската енергетска компанија РВЕ.
Слично
