Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гасоводната мрежа во Куманово ќе се проширува

Гасоводната мрежа во Куманово ќе се проширува

Советот на општина Куманово за седум милиони денари го зголеми основачкиот влог на Јавното претпријатие "Куманово Гас". Со ова зголемување, вкупниот износ на основната главнина на претпријатието изнесува 56,5 милиони денари, информираат надлежните од "Куманово Гас".

Како што објаснуваат од претпријатието, средствата обезбедени од општинскиот буџет, непосредно се врзани со работната програма на претпријатието за тековната година.

- Средствата ќе бидат наменети за изградба и проширување на гасоводната мрежа, како и за приклучување на тарифните потрошувачи, набавка на природниот гас. Моментално, активностите се концентрирани на централното градско подрачје од булеварите "Октомвриска револуција" и "Трета МУБ", улицата "Гоце Делчев" до ОУ "Бајрам Шабани", вели техничкиот раководител во ЈП "Куманово Гас ", Видан Алексиќ.

Екипите на претпријатието работат на мрежа на потегот на улицата "Моша Пијаде " и локалитетот "Сума " во центарот на градот. Од "Куманово-Гас",информираат дека расте интересот кај граѓаните за приклучување на гасоводната мрежа.

- Барањата на граѓаните кои гравитираат кон веќе поставената мрежа ги одобруваме и продолжуваме понатамошна постапка, даваме согласност, но ги информираме за нивните обврски. Претставниците на куќните совети треба да изработат елаборат за внатрешната инсталација врз чија основа се добива согласнот од останатите надлежни институции, вели Алексиќ.

За разлика од постоечките објекти, објектите кои се во градба без разлика дали станува збор за индивидуални или стамбени објекти, потребно е во основните проекти да вклучат фаза за поставување на внатрешна гасна инсталација, информираат од "Куманово-Гас" и додаваат дека заедно со комплетната документација за одобрување за градење добиваат одобрување и за поставување на таква инсталација.

- Такви објекти веќе имаме во центарот на градот на улицата "Кирил и Методиј", кај училиштето "Крсте Мисирков". Претпријатието има овврска да ја набави опремата и да изврши приклучување, но треба да прецизираме дека внатрешниот дел е обврска на инвеститорот или сопственикот, информира Алексиќ.

ЈП "Куманово-Гас" досега има поставено 12 километри гасоводна мрежа

Слично

Поврзани вести