Гасификацијата „трка“ меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ
Oткако вчера власта на ВМРО ДПМНЕ се пофали дека тече изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Битола, СДСМ која претендира да ја води новата влада реагираше и посочува дека досега власта имала 10 години за да ја гасифицира Македонија но досега ништо конкретно нема во овој поголед.
Од партијата на Заев велат дека сите домаќинства ќе добијат лесен и брз пристап до природен гас-нешто што СДСМ го вети во Програмата на новата Влада.
Тие му порачаа на Груевски дека веќе никој не му верува и дека неговите ветувања биле празни, а негов интерес било само лично богатење.
Груевски по обичај се фали социјалните мрежи
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ за гасоводот Неготино – Битола пишува на Фејсбук. Вчера на терен излегоа надлежните министри Мисајловски и Пешевски заедно со Груевски.
Еве што напиша екс премиерот на Фејсбук:
„Можам да објавам дека во тек е градбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола кој е капитален проект за илјадници граѓани и е во должина од 92 километри и вкупна вредност од 37 милиони евра. Овој гасовод ќе биде готов за околу 2 години, а во напредна фаза е и изградбата на гасоводот Штип – Неготино кој ќе биде готов до крајот на оваа година. Веќе е познато дека се работи и на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Со изградбата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола ќе се обезбеди гас за илјадници домаќинства. Тоа значи заштеда на семејните буџети преку добивање на исплатлив енергенс, стимулација и можност за поголема добивка на бизнис секторот, како и корист за земјоделските оранжерии кои ќе можат да го користат гасот по поевтина цена. Меѓудругото, гасификацијата е и значаен фактор за намалување на загадувањето на воздухот“, пиша Груевски .
