Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАШИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ИЛИРЕ ДАУТИ: Toa е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување

ГАШИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ИЛИРЕ ДАУТИ: Toa е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување

Собранискиот претседател Африм Гаши, објаснува дека изгласувањето на интерпелацијата за пратеничката Илире Даути од ДУИ, претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, не значи и разрешување од комисијата. 

,,Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот”, стои во соопштението од Собранието.

Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче на пленарната седница во Собранието изјави дека Илире Даути не е разрешена, таа и понатаму останува претседател на Комисијата за социјални работи и демографија и млади.

Интерпелацијата на Даути помина вчера во Собранието, а другите за министрите Изет Меџити, Иван Стоилковиќ и Панче Тошковски не поминаа. 

ДУИ се разочарани од одлуката која ја донесе Собранието. 

Инаку интерпелацијата за Илире Даути ја поднесе Левица, бидејќи таа не сакаше да закаже седница на Комисијата во врска со Законот за бранители, предложен од СДСМ, чии пратеници денеска не беа во собраниската сала.

Слично

Поврзани вести