Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши тврди дека гласал за Законот за јазици иако го нема во списокот

Гаши тврди дека гласал за Законот за јазици иако го нема во списокот

Името на Африм Гаши се најде меѓу оние кои не гласале за новиот Закон за употреба на јазиците од албанските партии во Собранието, но новиот лидер на БЕСА тврди дека станува збор за грешка и дека тој дал согласност за ова законско решение.

Гаши на својот фејсбук профил се пофали дека петте пратеници на неговата партија се заслужни за донесување на Законот, па најверојатно тоа што го нема во списокот на лица кои гласале е грешка на собраниските служби по тензичната расправа..

„Денес заедно со парламентарното мнозинство го усвоивме Законот за употреба на јазиците. Иако сме кажале дека овој закон не ја заокружува официјализацијата на Албанскиот јазик, Движењето БЕСА со своите 5 гласа ја овозможи бројката од 64 за да може законот да помине.  Честитки за ова унапредување, со желба дека во иднина ќе се направи целосна официјализација“, напиша претседателот на БЕСА.


Слично

Поврзани вести