Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО АГЕЛЕР: Во иднина да се посвети поголемо внимание на економските прашања

ГАШИ СЕ СРЕТНА СО АГЕЛЕР: Во иднина да се посвети поголемо внимание на економските прашања

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска на средбата со собранискиот спикер Африм Гаши посочила дека Собранието е една од најзначајните институции во државата. 

Таа го искажала и своето задоволство од успешно спроведените претседателски и парламентарни избори, кои ги оценила како фер, демократски и слободни

„Изразив благодарност за континуираната и силна поддршка што Соединетите Американски држави ѝ ја даваат на Република Северна Македонија за нејзината евроатлантска и европска интеграција, како и за унапредување на политичките процеси во земјата“, рекол Гаши.

Тој во име на државата изразил благодарност за континуираната поддршка што САД ѝ ја даваат на Северна Македонија, што, како што рекол високо се цени во земјата.

„Силен столб во билатералната соработка претставува Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД од 2008 година, како и Стратешкиот дијалог меѓу двете влади од 2022 година“, рече Гаши.

Според собранискиот спикер, важна е улогата на Северна Македонија и САД во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан. Гаши и Агелер се согласиле во иднина да се посвети поголемо внимание на економските прашања, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, подобрување на образовниот систем, како и привлекување на странските инвестиции, со што државата ќе може да напредува кон европскиот пат.

Слично

Поврзани вести