Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши: Се собравме да докажеме дека имаме мнозинство кое ќе гласа за недоверба на Владата

Гаши: Се собравме да докажеме дека имаме мнозинство кое ќе гласа за недоверба на Владата

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во изјава за Сител телевизија вечерва изјави дека денеска имало иницијатива за собирање на потписи за интерпелација на Владата.

„Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме на тоа, и денеска при крајот на денот, сите заедно, ние што ги претставуваме тие партии, седнавме и направивме една фотографија за да докажеме дека тие потписи се собрани. Сега за сега тоа е единствената вест, како ќе тече понатаму процесот, ќе видиме очекуваме да видиме како ќе реагираат и другите пратеници“, истакна Гаши.

Нагласи дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која би се повлекла од евроатлантските процеси и интеграции.

Слично

Поврзани вести