Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши се надева дека во јануари ќе добиеме датум

Гаши се надева дека во јануари ќе добиеме датум

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска изјави дека земјата најверојатно ќе добие датум во јануари или во наредните месеци.

Вели дека Алтернатива направила голем чекор кон отворање на оваа врата за почеток на преговори со ЕУ. 

„Ако Бугарија и Европската унија се уште не се решени да ја отворат оваа врата во декември, мислам тогаш тоа ќе се случи во јануари, мислам дека ќе треба да почекаме. Не мислам дека тоа беше единствената причина што станавме дел од Владата, има многу причини, но ова беше навистина многу важно, и една од најважните“, рече Гаши.

Гаши смета дека добро е што има средби меѓу лидерите на партиите во Собранието, откако таму се сретнаа претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети

Слично

Поврзани вести