Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши пред средбата со Заев: Не сакаме избори до 2024, министерствата не се приоритет

Гаши пред средбата со Заев: Не сакаме избори до 2024, министерствата не се приоритет

Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, пред средбата со премиерот Зоран Заев рече дека ќе и биде дадена шанса на актуелната власт и дека партијата не сака да има парламентарни избори до 2024

„Ние се договоривме да дадеме шанса за земјата да излезе од енергетската и здравствената криза, но и да не ја загуби земјата својата европска перспектива

Делот за Алтернатива за министерски места не е суштински, прво се важни политичките критериуми. 

Ние сакаме Влада до 2024 кој ќе направи напредок, ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе биде пред вратата за зачленувањ“, рече меѓудругото Гаши.

Тој нагласи дека за „Алтернатива“ е важно концептуално да се договори со СДСМ и со другите партии, додека колку и кои министерства ќе ги предводи партијата е во втор план.

Гаши додаде дека „Алтернатива“ нема да се меша во изборот на новиот мандатар и премиер на земјата.

Слично

Поврзани вести