Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАШИ: Прашањето за уставните измени треба да го решиме што побргу

ГАШИ: Прашањето за уставните измени треба да го решиме што побргу

Прашањето за уставните измени треба да го решиме што побргу но, не на сметка на меѓуетничките односи, изјави во Топ тема, новиот собраниски спикер, Африм Гаши. 

Гаши вели дека тоа е чувствително прашање во државата.
„Можеби еден дел од гласовите кои отидоа за ВМРО – ДПМНЕ беа токму за резервираниот став за уставните измени. За среќа, најголемиот дел од граѓаните и политичките партии, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ и тоа да биде што побргу. Сега, тоа што ВМРО-ДПМНЕ го стави во нејзината програма треба да седнеме да разговараме. После изборите во Бугарија, после изборите во ЕП, бидејќи францускиот предлог дојде од Брисел, па треба да се имаат сите елементи во мозаикот за да можеме ова горливо прашање да го решиме“, вели Гаши. 
Рече дека треба да има поголема кохезија меѓу заедниците во државата. 

Слично

Поврзани вести