ГАШИ ПОЗИТИВНО ПРОГНОЗИРА: Можен влез на Движење Беса во Владата
Претседателот на скопското крило на Движењето Беса, Африм Гаши вчера имаше средби со партиски членови и приврзаници во Кичево и тој најави дека партијата наскоро би можела да стане дел од реформската Влада на премиерот Зоран Заев.
– Ова се случува затоа што Македонија се движи успешно кон евроатланските структури, токму овој момент не прави оптимисти – рече Гаши.
Тој на средбите во Кичево беше придружуван од секретарот на партијата Скендер Реџепи, кој зборуваше за стуктурното организирање на партијата во земјата.
Слично
