Гаши: Покрената е иницијатива за рушење на актуелната власт
Секоја опозициска партија има должност да го смени мнозинството, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши во гостувањето на ТВ Алсат.
Вели дека Оое првиот чекор, и дека докажале дека имаат 61 пратеник, а верува дека во иднина бројката ќе се зголемува.
„Принципот на нашата партија е да се следи евроатлантскиот курс на земјата. Мора да се следат процедурите доколку има нова влада, ново мнозинство кое го следи евроатлантскиот курс, што не е отстрането од нашите интеграции во ЕУ, односно од основните принципи што ги имаме со нашите партии, но и што ги имаме дефинирано како држава. Секако дека можеби нема да има ново мнозинство, но да не се откажуваме од нашите партиски принципи“, вели Гаши.
Објаснува дека е покрената иницијатива за рушење на актуелната власт.
Слично
