Гаши побарал пратениците да дојдат утре на работа и покрај најавената блокада
Претседателот на Собраниетот, Африм Гаши, на врифинг пред медиумите рече дека нема да има одлагање на утрешните собраниските активности и покрај тоа што од ССМ најавија протест пред парламентот и блокада на влезовите со цел пратениците да не дојдат на своето рабптно место и да наплатат патни трошоци.
Спикерот утринава побарал од координаторите на пратеничките групи да им укажат на пратениците да најдат начин утре да стигнат на своето работно место без да биде нарушено правото на протест.
Дополнително направена е координација и со началници на МВР за безбедносна проценка на ситуацијата.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест со блокада пред Собранието на Република Македонија, кој ќе се одржи на 10 февруари 2026 година, со почеток во 9 часот.
Протестот ќе се одвива на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, а синдикатот наведува дека причината е, како што велат, игнорирањето на предлогот за зголемување на минималната плата и на останатите плати.
На координација не било зборувано за двете законски решенија за ССМ за повисока минимална плата и за кратење на функционерските плати. Гаши, дава поддршка за поголема благосостојба на граѓаните, но вели и дека се работи за комплексно прашање поврзано со економска оправданост.
Утре на дневен ред се неколку собраниски комисии и нова собраниски седница. Пратеничките активности почнуваат во 10.00 часот.
