Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши по средбата со Билд: Сите надворешни дипломати сакаат да помогнат Македонија да излезе од криза

Гаши по средбата со Билд: Сите надворешни дипломати сакаат да помогнат Македонија да излезе од криза

Копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи, Карл Билт, попладнево одржа работна средба со потпретседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши со кого разговарале за актуелната криза во Република Македонија и евентуални решенија за излез од истата. 

Исто така се разговарало и за ставовите и гледиштата на БЕСА за политичката ситуација во државата. Гаши рече дека разговорот бил конструктивен. 

„Сакаа да знаат за Движењето БЕСА како нов субјект кои се нашите гледишта за процесите и државата, но поголем дел од времето го потрошивме за изнаоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата. Сите надворешни дипломати кои се дојдени досега, барем што се однесува до пристапот што го имаат со Движењето БЕСА е таков, тие сакаат да помогнат Македонија да излезе од досегашната криза“-  вели Гаши.

Според Гаши, дека странските дипломати не доаѓаат со готови решенија, туку бараат заеднички начин како политичарите би можеле меѓусебе да се договорат за излез од ваквата ситуација.

Билд се сретна со повеќе политички претставници, но не и со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов. Тој нема да се сретне со Билд затоа што агендата му била поинаква. 

Билт посочи дека неговата посета има извидничка мисија - да собере информации кои ќе му бидат пренесени на европските лидери врз основа на кои Брисел ќе може да носи одлука во контекст на сегашната состојба во земјава.

Слично

Поврзани вести