Гаши: Планот за раст ветува подобар економски и социјален развој на патот кон ЕУ
Претседателот на Собранието, Aфрим Гаши попладнево истакнал дека посетата на претседателката на Европската Комисија(ЕК), Урсула фон дер Лајен ја разбира како поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат.
Тој истакнал и дека кога земјата се соочувала со најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во Европската Унија. „(Гаши) нагласи дека слоганот на ЕУ – ‘Обединети во различностите’ најдобро ја опишува Северна Македонија, а изрази и благодарност за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој ветува значително подобрување на економскиот и социјалниот развој на државите во регионот и нивна поголема интеграција во ЕУ“, се наведува во соопштението од Секторот за комуникации и односи со јавност на Собранието. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија мора да ги направи договорените промени во Уставот за да го продолжи својот евроинтегративен пат. Таа претходно ги посети Албанија и Србија. Фото: Сектор за комуникации и односи со јавност на Собранието на РСМ
