Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши: Немам информации за сценарио за предизвикување хаос на изборите

Гаши: Немам информации за сценарио за предизвикување хаос на изборите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши не добил информации за наводно тајно сценарио за предизвикување хаос на претстојните локални избори, став кој го има премиерот Христијан Мицкоски.

Тој кажа дека пратеничките групи наскоро ќе расправаат за Декларација за фер и демократски избори, а очекува истата да биде усовена на 12 септември, кога ќе заседава собранието.

„Со овој документ сакаме да испратиме јасна позитивна порака до граѓаните и да се обврземе на демократско однесување во изборниот процес,“ рече Гаши.

Собранискиот спикер вели дека ако има некакви сомневања или индиции за нарушување на изборниот процес, декларацијата ќе биде уште еден механизам што ќе ги обврзе сите политички субјекти да постапуваат одговорно.

Слично

Поврзани вести