Гаши не се согласи да ги пушти родителите од Кочани на седница во Собрание
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, побара еден час пауза и за тоа да се пуштат родителите на загинатите деца од дискотеката во Кочани да присуствуваат во Собрнаието.
Ова се одвиваше истовремено додека родителите од Кочани протестираа пред Собранието и прашуваа зошто ниту еден пратеник од Кочани не се одважил да дојде кај нив и да им каже дека не се согласува со генералната политика за тоа што се случи и да им даде одговори на нивните барања.
Родителите побараа да се сретнат барем со гласноговорниците од Собранието или со вработените од пониските ешалони.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши,се согласи со барањето од еден час пауза, но рече дека е неприфатливо родителите од Кочани да бидат пуштени во Собранието.
- Тоа треба да биде најавено и организирано. Не е добро да се манипулира со чувствата на граѓаните, кажа Гаши пред да ја прогласи паузата.
