Гаши: Не е убаво да се каже дека декларацијата е Тиранска, таа е усвоена во Скопје
Пратеникот Африм Гаши од Движењето БЕСА, денеска во Собранието на седница рече дека не е убаво да се каже дека декларацијата е Тиранска.
Објаснува дека тоа е декларација на сите албански партии во Македонија и е усвоена во Скопје.
„Ако сакате да користите вакво алиби за да се продлабочи кризата и понатаму, тоа нема да послужи никому. Две и пол години поминаа од аферата за прислушувањето. Тогаш сфативме како функционираат судството и обвинителството. Сфативме во колкава сиромаштија живееме. Сфативме дека се нарушени сите системи во Македонија, безбедносниот систем, затоа што е прислушуван и премиерот“ – изјави Гаши.
Тој апелира што побрзо да се најде излез за кризата која трае долго време во Македонија.
Слично
