Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши настојува за отворена соработка со партиските лидери

Гаши настојува за отворена соработка со партиските лидери

Новиот лидер на Беса, Африм Гаши  веднаш по неговиот избор започна со работа и како што истакнува тој ќе побара средби со лидерите на парламентарните партии за да воспостави директна комуникација со претседателите на партиите. Гаши  посочува дека ќе настојува на отворена соработка со партиските лидери.

Први на агендата за средби се опозициските лидери Зијадин Села на Алијансата за Албанците и Мендух Тачи на ДПА, а по нив Гаши ќе побара средби и со лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети,премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Лидерот на Беса ќе побара средби и со претставниците на дипломатскиот кор.

„Сакаме да го подигнеме нивото на политичка комуникација со лидерите на партиите. Ќе побарам средби со претседателоите на партиите. Партиските лидери и онака комуницираат и се среќаваат задкулисно, ние сметаме дека комуникацијата треба да биде јавна, на отворена сцена. Со тоа ќќе се релаксира политичката сцена и јавниот амбиент -  вели Гаши.

И по изборот на Гаши за лидер на Беса, од скопското крило остануваат на позицијата дека пратеничката група останува единствена иако двајцата пратеници Фадил Зендели и Теута Биљали го подржуваат тетовското крило на партијата предводено од Билал Касами.

„Пратеничката група останува единствена, иако не по наша желба, се додека двајцата пратеници не се изјаснат дека не припаѓаат на Беса. Ја чекаме и судската одлука, по што ќе биде јасно дали скопското или тетовското крило ќе ги задржи името, логото и печатот на Беса. Тогаш веројатно ќе мора и пратениците да се определат“ - вели висок функционер од скопското крило.

Доколку  дојде до поделба на пратеничката група, од скопското крило не  ја отфрлаат можноста за соработка на тројцата пратеници предводени од Гаши со двајцата пратеници на ДПА, лидерот Мендух Тачи и пратеничката Мерал Узаири Ферати во нова пратеничка група. За тоа, велат од скопското крило допрва ќе разговараат.

Информациите дека пратениците од скопското крило на Беса - Африм Гаши, Неџбедин Каремани и Реџеп Мемеди веќе подготвиле нова пратеничка група се засилија по присуството на лидерот на ДПА, Тачи на првиот партиски конгрес на Беса, вчера во Тетово. Особено поради фактот дека Тачи досега во својство на гостин не присуствувал на ниту еден конгрес на политичките партии и од албанскиот и од македонскиот политички блок.

Од тетовското крило предводено од Касами, истакнуваат дека интензивно се подготвуваат за конгресот на Беса закажан за 24 февруари во Скопје. Тие го оспорија конгресот на скопското крило. Според нив, собирот во Тетово претставен како партиски конгрес нема врска со Движењето Беса и нејзината легитимна и легална структура.

Слично

Поврзани вести