ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот
Собранискиот спикер Африм Гаши добил закани по живот на мејл.
По интервјуто на спикерот за емисијата „360 степени” емитувана синоќа, на службениот мејл на Гаши стигнала порака со заканувачка содржина, во која се вели дека ќе влезат во Собранието и ќе „има бесење“ на сите што се за Бугарите ако се усвојат уставните измени, објави порталот 360 Степени.
„Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат. Само пробајте, ќе ви влеземе во Собрание и ќе ве убиеме вас ш*****ски к*чиња кои сте за Бугарите, само смрт“, стои во електронската порака испратена на службениот мејл на спикерот.
Заканите се пријавени во полиција.
