ГАШИ: Да ги убедиме сите страни дека албанскиот јазик еден ден ќе биде официјален заедно со македонскиот
Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека Албанците треба да бидат спокојни затоа што албанскиот јазик ќе биде унапреден. Додава дека политичарите треба да го изедначат со македонскиот јазик.
„Албанците треба да бидат опуштени, бидејќи, ако Уставниот суд правилно го прочита законот и петтиот амандман од Уставот, ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик во Македонија“, вели собранискиот претседател Африм Гаши во интервју за весникот „Лајм“.
Ставот го кажа во врска со најавата на Судот дека на почетокот на октомври ќе ги испитува иницијативите со кои се оспорува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците.
„Нашата политичка битка треба да се развива во насока да ги убедиме сите страни дека албанскиот јазик еден ден ќе биде официјален заедно со македонскиот“, додаде Гаши.Според Гаши, нивото на употреба на албанскиот јазик во Македонија не е на вистинското ниво.
foto Lajm
