Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гаши: БЕСА никогаш нема да прифати платформа која е против граѓаните

Гаши: БЕСА никогаш нема да прифати платформа која е против граѓаните

БЕСА никогаш нема да прифати платформа која е против граѓаните на Република Македонија, изјави Африм Гаши од движењето БЕСА, во емисијата 360 степени на Алсат-М. 

Гаши тврди дека тие нема да бидат дел од документ кој што ќе биде на штета на било кои граѓани во Македонија.

„Сакам да ги осигурам граѓаните Македонци и припадниците на другите заедници во земјата дека барем Движењето БЕСА никогаш нема да биде дел од некој документ кој ќе биде на штета на своите сограѓани. Колку што сме заинтересирани да воведеме добросостојба и реализација на Албанците во Македонија, исто толку сме заинтересирани и Македонците и другите етникуми во Македонија да се чувствуваат добро, спокојно и да бидат почитувани како лојални граѓани на оваа држава“ - изјави Гаши.

Гаши е убеден дека ДУИ уште е во игра со ВМРО-ДПМНЕ, а секојдневното менување на нивните ставови е сериозен индикатор за тоа. Според него, тие настапуваат конфузно. 

Слично

Поврзани вести