Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гарет вели дека Македонија треба да се ослободи, а меѓународната заедница е тука да помогне

Гарет вели дека Македонија треба да се ослободи, а меѓународната заедница е тука да помогне

Британскиот амбасадор  во Македонија, Чарлс Гарет, во синоќа во интервју за емисијата „360 Степени“ на телевизијата Алсат-М, вели дека основна задача за новата влада е да ја ослободи Македонија.

Вели дека е потребно време и напор за да се направат промени во Македонија. 

„Македонија треба да  биде ослободена од она што во извештајот на Европската комисија се опишува како состојба на заробена или киднапирана држава“ - рече Гарет.

Гарет вели дека меѓународната заедница е подготвена да и помогне на Македонија во оваа голема задача. 

Додава дека реформи се потребни во судството, медиумите, администрацијата, борбата со корупцијата. 


Слично

Поврзани вести