Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гарет: Политичката криза е комплексна, не може да се реши преку ноќ со избори!

Гарет: Политичката криза е комплексна, не може да се реши преку ноќ со избори!

Во интервју за БИРН британскиот амбасадор Чарлс Гарет укажува на фактот деа политичката криза е длабока и комплексна и дека истата не може да се реши преку ноќ и преку избори.

Гарет вели дека кризата произлегува од проблемите во функционирањето на демократијата и владеењето на правото и дека ќе бидат потребни месеци, а можеби и години за да се средат работите. 

„Ќе бидат потребни месеци, а можеби и години за да се средат работите. Изборите ќе бидат крај на една фаза во тој процес и ќе бидат многу полезни. Кредибилни избори на 11 декември би биле добар чекор кон враќањето на Македонија таму каде што треба да биде“, вели тој.

Гарет е оптимист дека  изборите ќе бидат одржани на последниот договорен датум,  одреден годинава во преговарачкиот процес, затоа што постојаното одложување создава несигурност и ја храни конфузијата.

Слично

Поврзани вести