Гардијан: Елиф Елмас, дијамантот кој знае да ги прави најубавите македонски колачи
Во посебен текст од серијалот кој Гардијан го објавува за Европското првенство во фудбал, експертите кои пишуваат за весникот, го анализират македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Подолу дел од статијата:
На крајот на овој век, Македонија влезе во нова турбулентна ера. Мала земја во срцето на Балканот, таа беше мета на разни надворешни интереси низ историјата, војната во Косово се прошири и на северот на Македонија. Како што растеа тензиите меѓу Македонците и Албанците, малку луѓе во земјата имаа време да размислуваат за фудбал, а малкумина ќе претпоставеа дека тие години на војна ќе го родат првиот фудбалски „дијамант“ во нацијата, Елиф Елмас.
Во еден од најопасните делови на главниот град Скопје, во мултиетничката општина Чаир во која живееја Македонци, Албанци, Турци и Роми рамо до рамо, Елмас е роден на 24 септември 1999 година во семејство со турско потекло. Неговиот татко Xеват водел слаткарница. Сега, 20 години подоцна, Елмас стана глава на тим од Северна Македонија, кој ја обедини земјата како никогаш порано.
Низ тие непредвидливи години Елиф израснал со љубов кон фудбалот, сојузник на желбата да му помогне на својот татко во семејниот бизнис. Не многу луѓе знаат дека Елиф може да ги направи најубавите традиционални македонски колачи. Да не станеше фудбалер, скоро сигурно ќе ја продолжеше семејната традиција во слаткарницата, но фудбалот победи.
Тој започна да игра фудбал на возраст од седум години во маалскиот клуб Фенербахче Тефејуз. Случајно, 11 години подоцна тој потпиша за турскиот гигант Фенербахче. Но, пред тоа тој започна да го учи својот занает во фудбалска школа водена од Јовче Џипунов, еден од најпознатите играчи во Северна Македонија.
Игор Ангеловски, сега селектор на националниот тим, раководеше со ФК Работнички во тоа време. Ангеловски се приближи до семејството на Елмас и беше договорено тогашното 12-годишно момче да игра за младинските екипи на Работнички. Три години подоцна и способноста на 15-годишниот Елмас го привлече вниманието на Херенвен во Холандија, а беше договорен и прелиминарен договор за потписот на Елмас кога наполни 18 години.
„Имаше некаква чудна магија во него“, вели Ангеловски. „Неверојатна енергија, Х-фактор на толку мала возраст што ги привлече сите. Одлично читање на играта, мајстор за асистенции и феноменална завршница “.
Целиот текст на Гардијан
