Економија, финансии, бизнис

Контакт

Гaрдијан: Двете земји се движат кон решавање на спорот за името кој трае 27 години

Гaрдијан: Двете земји се движат кон решавање на спорот за името кој трае 27 години

Скопје го испраќа министерот за надворешни работи во Атина на разговори за ставање крај на долготрајниот спор меѓу соседните држави околу името на Македонија, пишува британскиот весник  Гардијан.

Македонија е подготвена да го испрати министерот за надворешни работи во Грција додека сè почести се шпекулациите дека двете земји се движат кон решавање на спорот за името, кој трае во изминатите 27 години.

Сигнализирајќи дека е на повидок компромис, Зоран Заев, новиот лидер на социјалдемократите на оваа балканска држава ја искористи својата прва официјална посета во Брисел во понеделникот за да соопшти дека е можно решение, наведува весникот. 

„Знам дека ако имаме пријателски односи и добар пристап, изводливо е решение“,-им рече тој на новинарите пред разговорите на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, во Атина потсетува весникот. 

Според Гардијан, овој поход се случува во екот на обвинувањата за руско мешање во балканскиот регион. Македонската влада тврди дека поради тоа мешање членството има уште повитално значење. 

Слично

Поврзани вести