Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова
Министерот за надворешни работи Јоргос Гарапетритис во свој коментар за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова како нов претседател на Македонија рече дека грчката Влада реагирала со „исклучително брзи рефлекси“.
На само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Северна Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово грчкиот МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија ова го искоментира во Парламентот како одговор на пратеничко прашање од партијата Победа.
- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис.
