Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАРAНЦИЈАТА Е ОДБИЕНА: Мијалков останува во затворот во Шутка

ГАРAНЦИЈАТА Е ОДБИЕНА: Мијалков останува во затворот во Шутка

Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во затворот во Шутка. 

Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата на  Мијалков, и одлучи тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра, но Основниот кривичен суд ја одби и покрај тоа што имаше позитивно мислење од обвинителот Артан Ајро. За одлуката на Кривичен, екс директорот на УБК и неговите адвокати се жалеа до Апелација.

Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во дома за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена, по што се појави и замина во притвор. 

Toј веќе е осуден на 20 години затвор за нелегалното прислушување и за набавката на опрема за прислушување, за тајната полиција, а на 17 јуни очекува нова пресуда за апсењето на екс министерот за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Слично

Поврзани вести