Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАРАНЦИИТЕ НЕ ПОМОГНАА: Jaнева останува во притвор

ГАРАНЦИИТЕ НЕ ПОМОГНАА: Jaнева останува во притвор

Кривичниот суд одлучи, шоуменот Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, кои се осомничени во случајот „Рекет“, остануваат во притвор. 

Од Судот информираат дека се одбива како неосновано барањето да и се укине притворот на Јанева со давање гаранција или заменување со мерки за претпазливост. Како неоснован судот го одбива и предлогот Јовановски да биде пуштен од притвор и мерката да му се замени со поблаги мерки.

Јанева и Јовановски на овие одлуки имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.

Екс обвинителката со три станови гарантираше дека нема да бега.

Боки 13 е во притвор од 15 ти јули, а Јанева од 20 август годинава. 

Обвинетите во „Рекет“, својата невиност ќе ја докажуваат на суд, а ниту еден од тројцата не побарал спогодба. 

Слично

Поврзани вести