Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ганка Цветанова за апсењето на таткото на Бојаџи: Типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе

Ганка Цветанова за апсењето на таткото на Бојаџи: Типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица за кои постои сомнение дека нелегално копале артефакти на различни локации во Македонија и ги продавале во Грција, Албанија и Турциja, a меѓу приведените е и таткото на режисерот Јани Бојаџи. 

По ова се огласи и екс министерката за култура, Ганка Цветанова, која според неа, на ваков начин се оцрнуваат луѓе и цели семејства.

„Не наседнувајте на соопштение на МВР за апсењето на таткото на Јани Бојаџи! Типично УДБАшка метода за оцрнување на луѓе и цели семејства. Сетете се дека и Ченто бил уапсен пред својата куќа а тогашното МВР соопштило дека го уапсиле на границата при обид за бегство во Грција!“- напиша таа на својот Твитер профил.


Бојаџи и на социјалните мрежи објасни дека имало претрес во домот на неговите родители во Струмица и дека татко му е приведен. 

Слично

Поврзани вести