Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ганка Цветанова со одговор дали ќе биде претседателски кандидат

Ганка Цветанова со одговор дали ќе биде претседателски кандидат

Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура во владата на Љубчо Георгиевски, вели дека засега е активна само со критики кон политиките на актуелната власт на Твитер и нема да коментира дали ќе биде кандидат за Претседател на Македонија на изборите следната пролет.

За „Независен“ ели дека досега не слушнала оти за неа се размислува како за кандидат за претседател ниту, пак, со некого разговарала на таа тема. 

„Ќе останам доследна на тоа што го ветив, нема да коментирам ништо. Впрочем, воопшто не сум активна во политиката со исклучок на твитовите“, изјави Цветанова.

Познавачите тврдат дека Цветанова веќе е во кампања, бидејќи претходно со години не беше активна на социјалните мрежи, а неодамна присуствуваше на 125-годишнината оф формирањето на ВМРО во Македонскиот народен театар меѓу политичката елита од опозицијата. 


Слично

Поврзани вести