Ганиу потврди дека 16 од жртвите се од Чаир
Официјално 16 жртви од автобуската несреќа која се случи утрово во Бугарија се од Чаир.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.
Тој потенцира дека за утре во 10 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.
Слично
