Ганиу: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани
Со победата на Висар Ганиу, кандидатот на ДУИ и СДСМ, конечно завршија локалните избори 2017. Новиот градоначалник Чаир, Висар Ганиу беше избран по одржаното прегласување на изборното место 2901 за што им се заблагодари на сите граѓани.
– Во иднина ќе работиме заедно за да ја придвижиме општината на вистинскиот пат. Победата е заслужена и ќе бидам градоначалник на сите граѓани – рече Ганиу.
Според првичните резултати на Државната изборна комисија, за Ганиу гласале 169 лица, а за неговиот противкандидат Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА 98. Од вкупно 719 избирачи на ова избирачко место, кое беше единственото каде што се прегласуваше за вториот круг од Локалните избори, гласале 272, односно излезноста е 37,83 проценти.
По вториот круг на Локалните избори, Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.
