Економија, финансии, бизнис

Контакт

Галовеј: Изборите не треба да се оправдување да не се работи

Галовеј: Изборите не треба да се оправдување да не се работи

Рејчел Галовеј, амабасадорката на Велика Британија во Скопје, како гостин на ТВ Клан М истакна дека претседателските и евентуалните парламентарни избори не треба да бидат изговор за застој на планираните реформи. Дипломатот напомена дека официјален Лондон без проблем ќе го изгласа Протоколот за прием на Македонија во НАТО.

„Во неколкуте месеци што следат фокусот треба да биде ставен на спроведување на реформите, не само заради барањата од ЕУ, туку и заради очекувањата на луѓето во Македонија. Без разлика дали ќе има избори или не, работата треба да продолжи, а изборите не треба да се користат како изговор да не се напредува во работата“, изјави Галовеј.

Таа додава дека Велика Британија, дури и да излезе надвор од ЕУ, ќе ја помага Македонија во повеќе сектори, а особено во јавната администрација. Овој сегмент, како што вели, е многу подложен на промени со менувањето на власта.

„Клучот е во професионализацијата на јавната администрација и тоа на секое ниво. Од тоа како се вработуваат луѓето, како ги задржуваат работните места. Откако ќе се промени политичката гарнитура, по избори, администрацијата да остане. Во британскиот систем нема промени во администрацијата, кога се менува владата. Промените се на врвот, министрите може да донесат еден или двајца специјални советници, но освен тоа нема други промени. Не ги менуваме амбасадорите, или персоналот во амбасадите. Во Македонија почнува една голема реформа на јавната администрација, но ќе треба доста време за луѓето да ги видат резултатите“, појаснува амбасадорката Галовеј.


Слично

Поврзани вести