Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛИЧИЦА УШТЕ ГОРИ: Дождот и хеликоптерот не успеаја

ГАЛИЧИЦА УШТЕ ГОРИ: Дождот и хеликоптерот не успеаја

Гаснењето од воздух, но и дождот не успеале да помогнат да се изгаси пожарот на Галичица. Од утрово повторно вонредна ситуација. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески објави дека екипа составена од претставници на НП „Галичица“ и Територијалната противпожарна единица од Охрид се на терен. Се прави увид на состојбата со пожарот и ќе се делува дополнително. 
„Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризниот штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата, вели Георгиески. 



Слично

Поврзани вести