Економија, финансии, бизнис

Контакт

Галетановски за Дино паркот: Не очекувавме толку голема посетеност уште во првиот ден

Галетановски за Дино паркот: Не очекувавме толку голема посетеност уште во првиот ден

Атрактивните содржини, убавото време и евтиниот билет од само 50 денари ги привлече скопјани да го преполнат Дино паркот на првиот ден од неговото отворање денеска, откако синоќа беше пуштен во употреба на настан од затворен тип.

„Искрено не очекувавме волкава посетеност, се пазиме и совесни се посетителите, се чека во редица, се држи дистанца колку што е можно, сите горе-доле носат маски, преголема е посетеноста за прв ден“, искоментира Ѓорѓи Галетановски, директорот на Скопската зоолошка градина, во чиј состав е и овој парк.

Реквизитите во форма на диносауруси имаат звучни и возуелни ефекти, а паркот е на површина од 2.000 квадратни метри.

Слично

Поврзани вести