ГАЛЕТАНОВСКИ НЕМА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА ЗООЛОШКА: Ќе може да помогне со совети и идеи, вели градоначалникот на Скопје
На новинарско прашање дали ќе го врати поранешниот директор на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, градоначалникот синоќа во гостувањето на Канал 5 телевизија одговори дека Галетановски моментално е советник во Советот на Град Скопје, но дека ќе може да помогне со совети и идеи.
„Ќе дадам сè од себе одлуките во Советот да се носат со поддршка од сите советнички групи. Ќе соработувам со сите избрани од граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски.
Претходно од зоонегувателот Војо Иванов беше објавено барање до Ѓорѓиевски, токму Галетановски да биде поставен за директор на ЗОО.
Од Галетановски пристигна одговор дека секогаш е тука да помогне.
Слично
