Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Започна процедурата за уривање на дивоградбата на Панчевски

ГАЛЕРИЈА: Започна процедурата за уривање на дивоградбата на Панчевски

Започната е процедурата за уривање на дивоградба на улицата „Никола Вапцаров“ бр.6, соопшти денеска градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. 

„Слушам од медиумите дека господинот Владимир Панчевски смета дека има некоја посебна хајка и стратегија од моја страна, односно од инспекцијата, што не е точно. Постапуваме како и во сите случаи кога има дивоградба. Ги слушнав сите одговори од господинот Панчевски, но не слушнав негирање дали се работи за дивоградба. Ова не е хајка, туку почитување на основниот принцип кој го зацртавме со нашето доаѓање, а тоа е законско работење, Вчера го добив од нашата инспекција, а денеска потпишав барањето за присилно административно спроведување на управни акти“ - рече тој. 

Раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески кажа  дека ќе се побара асистенција на полиција за уривање на дивоградбата. Ќе се урива рачно и внимателно и тоа само делот од објектот кој е дивоградба. 




Слично

Поврзани вести