Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЛЕРИЈА: Заев вети дека ќе ги врати украдените пари на народот

ГАЛЕРИЈА: Заев вети дека ќе ги врати украдените пари на народот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на маршот пред Собранието денеска порача дека ова е марш на зрелост и иднина и дека украденото ќе се врати кај народот.

Вели дека граѓаните и партиите склучиле сојуз  и борбата продолжува.

„И ние се кренавме, се броиме и ќе се избориме. Нашето оружје е нашиот глас.  Потребна е свест за заедничката цел. Не е време за мали планови.  Дојде време да бидеме одговорни за нас и за идните генерации.  Овој граѓански марш ја покажува нашата одлучност.  Маршираме за враќање на државата во рацете на граѓаните“ – рече Заев.

Вели дека маршираат за покрив над глава за секој човек, за здравство кое ќе лечи, за пристоен живот, за државен систем кој помага.

Заев порача дека 11 декември е датум кој ќе биде запишан со црвено.

На маршот се појавија уметници, новинари, голем број политичари, граѓани од повеќе градови. 



Слично

Поврзани вести